Генералниот секретар на НАТО предупреди дека војната во Украина може да трае со години

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина може да продолжи со години и дека украинските сили се соочуваат со поинтензивни руски напади откако Европската комисија препорача Киев да добие кандидатски статус за ЕУ.

Столтенберг во интервју за германскиот „Билд ам Зонтаг“ рече дека снабдувањето со високотехнолошко оружје за украинските сили ќе ги зголеми шансите за ослободување на Донбас од руската контрола.

„Треба да се подготвиме за фактот дека ова може да потрае со години. Не смееме да ја ослабеме поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната“, рече Столтенберг.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој го посети Киев во петокот, даде слични коментари за Сандеј Тајмс за неопходноста за подготовка за долга војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Русите ja враќаат територијата во Курск