Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Од:

Во Италија во тек е генерален штрајк организиран од синдикатите ЦГИЛ и УИЛ, со барање за промени во буџетот, зголемување на платите и пензиите, поголеми средства за здравството, образованието, јавните услуги и инвестициите во индустриската политика, а според еден од организаторите, штрајкуваат повеќе од половина милион луѓе .

„Ако ги собереме сите оние кои решија да излезат на улица денес, можеме со сигурност да кажеме дека повеќе од 500.000 луѓе ширум Италија избраа да бидат на улиците за да ги бранат сечии слободи и права“, рече секретарот на синдикатот ЦГИЛ, Маурицио Ландини.

Во тек се протести на повеќе од 43 плоштади ширум Италија каде демонстрантите се собраа да се спротивстават на „неправедните и погрешни избори на властите“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

„Кој е следен“: Ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните

Горан Наумовски

Свирежи до Владата, a потоа 16-минутен молк за жртвите од Кочани

Горан Наумовски

„Вие сте херои“ – граѓаните ги поздравија медицинските работници

„Секој еден, може да е следен”, „Правда за жртвите”, извикуваат граѓаните на денешниот марш во Скопје

„Кој е следен“: Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно

Горан Наумовски