Генерал Апират Конгсомпонг: Војникот кој уби 29 лица, не бил чесно третиран од претпоставениот офицер

Од:

Командантот на тајландската војска, генералот Апират Конгсомпонг, денеска изјави дека војникот, Џакрапант Тома, кој пред три дена уби 29 лица во еден трговски центар, не бил чесно третиран во аранжманот околу купување земјиште во кое учествувал и неговиот надреден офицер и додаде дека таквите аранжмани во иднина мора да бидат спречени.

Наредникот Тома во саботата го уби својот надреден старешина и мајката на неговата сопруга, украде оружје и воено возило и потоа се упати во популарниот трговски центар во североистничниот град, каде со часови држаше заложници и убиваше недолжни луѓе, пред да биде и самиот убиен од припадници на специјалните сили.

Генералот Конгсомпонг на прес конференција во седиштето на армијата во Бангкок изјави дека таквите аранжамни мораат да бидат прекинати.

-Според убиецот, со него не биле фер ниту негов роднина, ниту надредениот офицер, кои, исто така, биле вклучени во работата околу купувањето земјиште, која тргнала на лошо, рече генералот.

Тој најави дека ќе се продолжи со истрагата за да се утврди кој се бил вмешан во ова сега веќе кобно прашање.

Џакрапант својот бес во саботата прво го изразил во воената база во која работел, убивајќи го прво полковникот Анатагора Красе, а потоа и 63-годишната мајка на сопругата на својот претпоставен, која била трговец со недвижнини.

Напаѓачот потоа украл тешко оружје од воениот камп и неконтролирано почнал да пука од украденото воено возило на патот до Трговскиот центар „Терминал 21 Корат“ во градот Након Ратасуместа. Во текот на ноќта се затворил во трговскиот центар, а по неколку часа бил убиен од специјалните сили.

Апират ги отфрли критиките дека војската недоволно добро го чува своето оружје, опишувајќи ја кражбата на оружјето како злосторнички чин на поединец.

Самиот призна дека постојат одредени недостатоци во некои воени процедури, но кажа дека напаѓаот го искористил својот воен чин за да ги збуни стражарите и да добие пристап до оружјето.

Апират, исто така, кажа дека безбедноста на складиштата со оружје е стандардна, но дека дополнително ќе биде разгледана.

Стручњаците за воени прашања упатуваат на тоа дека има системски проблеми со безбедноста на оружјето и на полицијата.

Тајландскиот премиер Прајут Чан-оџа од членовите на својот кабинет и државните службеници побара да се облечат во црно, како израз на сочуство до жртвите на напаѓачот.

Тој кажа дека кралот Маха Ваџиралонкорн се понудил да ги сноси трошоците за погребот и кремирањето на сите загинати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач