Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс, во потрага е по „тоалет на иднината“, со цел да се подобри санитарната состојба во сиромашните земји.
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс награди неколку иновации на саемот за санитарни уреди во Сиетл.
„Тоалетот е потреба за јавното здравје, но и за човечкото достоинство. “, објаснил на својот сајт, Гејтс.
Првата награда ја доби Калифорнискиот институт за технологија кој создаде тоалет кој функционира со помош на сончевата енергија. Втората награда ја доби британскиот универзитет за тоалет кој ги рециклира фекалиите во јаглен, минерали и вода.