Бил Гејтс вели дека оние кои се занимаваат со наука, инженерство и економија ќе бидат барани во годините што доаѓаат.
„Основните знаења во науката, математиката и економијата ќе бидат клучни за постигнување кариера“, рече Гејтс.
Како што објасни, не треба да се биде експерт за програмирање, само да се има способност да се размислува на начин на кој тоа го прават експертите во овие области.
„Треба да разбереме што тие прават и што можат, а што не можат“, рече ко-основачот на Мајкрософт.
За потсетување, богатството на Гејтс продолжува да расте и се проценува на 139 милијарди долари, а Џеф Безос и Илон Маск го претекнаа на листата на најбогати луѓе од ИТ светот.