„Газета“: Зеленски може ќе биде убиен пред вториот круг од претседателските избори

Од:

Комичарот Владимир Зеленски, кој освои најмногу гласови во првиот круг на претседателските избори во Украина, може да биде убиен пред вториот круг, изјави новинарот на руска „Газета“, Максим Шевченко.

– Зеленски веќе стана политичар. Тој не е шоумен – за него гласаа огромен број гласачи, пишува Шевченко.

На изборите, што се одржаа на 31 март, за Зеленски гласаа 30,22 отсто од Украинците. На второто место е актуелниот претседател Петро Порошенко со 16,65 отсто. Двајцата ќе се соочат во вториот круг.

Според новинарот Шевченко, Зеленски е кандидат за мир, а не за војна.

– Зеленски ќе биде убиен. Или ќе му се случи нешто. Таквата варијанта е можна, смета Шевченко, кој го објаснува таквото сценарио со фактот дека Украина е полна со оружје, со многу криминалци, а целта на таков развој на настаните може да биде дестабилизирање на ситуацијата.

Потоа, според прогнозата на Шевченко, во Украина ќе почне граѓанска војна.

Во исто време, новинарот признава дека работите може да се развијат и на друг начин: „Тимошенко може да го поддржи Зеленски. Потоа, Зеленски ќе стане претседател, а таа премиер. Тоа ќе биде сериозен чекор“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија успеа да влијае на луѓето во Белата куќа

А1он

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството на Украина

Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори