Гаук повикува за поголема интеграција во Европа

Од:

Германскиот претседател Јоахим Гаук денеска упати повик за поголеми напори за зацврстување на интеграцијата во Европа, уверувајќи ги Европејците дека нема зошто да стравуваат од водечката улога на Германија на континентот.

Тој, во говорот посветен на неговите гледишта за Европа, ги повика луѓето да погледнат над кризата во еврозоната и политичките стресови и да ја гледаат Европа како унија, формирана на заеднички вредности.

Според него, сегашната ситуација во Европа не може да се опише само како проблем со еврото. Гаук истакна дека на континентот има криза на довербата и меѓу населението постои јасно незадоволство, кое не треба да се зголемува.

Гаук истакна дека продлабочувањето на интеграцијата ќе доведе до проевропска Германија, а не до Европа создадена по германски терк.

– Не се чувствувам добро кога улогата на Германија во Европа очевидно буди скептицизам и сомнеж во некои земји… Бев вознемирен од тоа колку брзо перцепцијата може да се искриви, дека денешна Германија ја следи долгата традиција на германската политика на сила. Ги уверувам сите граѓани на соседните земји дека не гледам некој од германската политичка класа, кој сака да воспостави германска диктатура, нагласи германскиот претседател.

Тој посебно ја повика Велика Британија да не ја напушта ЕУ.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија