„Гардијан“: Руското присуство во Сирија претставува проблем за САД

Од:

Руски советници му помагаат на режимот на Башар ал-Асад за воздушната одбрана, што го прави евентуалното мешање на САД исклучително компликувано, пишува британскиот весник „Гардијан“, додавајќи дека Москва испратила воени советници и противвоздушни системи во Сирија.

Нивното присуство значи дека евентуалниот американски воздушен напад би имал како резултат руски жртви, а тоа ќе предизвика сериозни дипломатски последици.

Русија го поддржува режимот на Асад уште од почетокот на востанието против него пред 21 месец, додава „Гардијан“.

Но секој чекор на меѓународната заедница против режимот ќе биде усложнет од присуството на Русите. Гај Бен-Ари од Центарот на стратешки и меѓународни истражувања изјави дека руски воени советници го обучуваат сирискиот персонал и и доставуваат на армијата ракетни и радарски комплекси.

– Сиријците не располагаат со капацитет да оперираат со тие системи, вели за „Гардијан“ Бен-Ари.

Неименувани извори од „Гардијан“ го потврдиле присуството на руски експерти во областа на противвоздушната одбрана.

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски