Гардијан: Путин падна во сопствената замка

Од:

Повлекувањето на Русија од договорот со кој се дозволува извоз на жито од Украина преку Црното Море се подготвуваше со недели. Русија се закани дека ќе го стори тоа по експлозијата на мостот на Крим во октомври и повторно по нападот со беспилотни летала врз нејзината црноморска флота минатата недела.

Но, кога Русија конечно го суспендираше договорот, брзо стана јасно дека Москва нема план.

„Кремљ само падна во стапица од која не знаеше како да се извлече“, напиша Татјана Становаја, раководител на аналитичката компанија Р.Политик. „Договорот за жито е суспендиран, но не е јасно како да се запре извозот на жито. Нема начин. Само преку воени средства, што не беше во нивните планови.

На Русија можеби и биле дадени приватни ветувања, вклучително и гаранции кои би можеле да и помогнат да извезува сопствени земјоделски производи. Сепак, повлекувањето на Кремљ во голема мера покажува дека Путин може да биде принуден да отстапи кога ќе наиде на отпор и пркос. Знае да се повлече ако треба“, рече Становаја.

Стотици проектили

Соочена со украинска контраофанзива, Русија лансираше стотици проектили кон украинските електрани и друга клучна инфраструктура во последните неколку недели, со цел да ги потоне украинските градови во темнина и студ.

А западните лидери беа загрижени поради заканите на Русија дека ќе ги искористи сите средства што и стојат на располагање, вклучително и тактичкото нуклеарно оружје, за да ја обезбеди територијата што незаконски ја анектираше, пишува Гардијан.

„Рускиот уценувач е инфериорен во однос на оние кои се посилни и знаат јасно да го изразат својот став“, напиша Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател.

Во овој случај, дејствијата на Русија, исто така, се заканија да ги налутат лидерите во Африка и на Блискиот Исток, на кои Путин се обиде дипломатски да им придобие корист. Најавувајќи го обновувањето на договорот, Ердоган рече дека следните пратки на украинска земјоделска стока се наменети за Сомалија, Џибути и Судан.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ