„Гардијан“: Мирот станува приоритет за Украинците, Зеленски пред сериозни тестови

Од:

Оваа година ќе биде политички многу сложена за Володимир Зеленски, бидејќи неговиот претседателски мандат, кој започна во мај 2019 година, се приближува кон седмата година, а изборите во Украина сè уште не се закажани, што дополнително ја интензивира политичката нестабилност, пишува британскиот „Гардијан“.

Во текстот се наведува дека, во услови на борбени операции и отсуство на избори, Зеленски може да се соочи со криза на доверба, како кај населението, така и кај меѓународните партнери на Украина.

Според припадник на вооружените сили на Украина, повеќето Украинци се подготвени да ги прифатат дури и условите на Русија кои би можеле да бидат неповолни за Киев, со цел што побрзо да се заврши конфликтот.

„Мислам дека во оваа фаза мнозинството е веројатно подготвено да се согласи на неповолен договор – што било, само за да се прекинат борбите“, го цитира весникот припадникот на украинските вооружени сили.

На 3 јануари, шефот на пратеничката група „Слуга на народот“ во Врховната рада, Давид Аракхамија, изјави дека е можно да се одржат избори во Украина истовремено со референдум за територии.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Харков

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток