„Гардијан“: Колку е веројатен втор референдум за Брегзит?

Од:

Одржувањето втор референдум за Брегзит би можел да биде еден од излезите за Велика Британија од сегашниот хаос, но резултаите од него одново би можеле да бидат тесни.

Дали има доволна поддршка за втор референдум во Долниот дом на британскиот Парламент?

Во моментов не, но ако премиерката Тераза Меј загуби при гласањето во Долниот дом за постигнатиот договор за Брегзитот и ако не успее обидот на Лабуристичката партија да предизвика предвремени избори, можна е варијантата за втор референдум.

Доколку Лабуристичката партија поддржи втор референдум, за негово организирањетоќе ќе биде потребна и поддршка од пратеници од Конзервативната партија кои не се согласуваат со партиската политика околку Брегзитот. Некои од нив веќе ја поддржаа таквата идеја, но ќе бидат потребни и други гласови, бидејќи дел од лабуристите нема да гласаат за неа.

Дали има доволно време?

Од реалистична гледна точка, за да биде можен втор референдум, потребно е запирање на процесот за Брегзит. Ако тоа се покаже како единствен начин за излез од ќор-сокакот, Брисел би можел со задовоство да го поддржи.

Експертите сметаат дека за целиот процес ќе бидат потребни најмалку 24 недели.

Какво прашање ќе биде поставено на референдумот?

Би се очекувале остри полемики за тоа какво да биде прашањето на гласачките ливчиња при евентуалниот нов референдум.

Дали изјаснувањето треба да биде меѓу „останување во ЕУ“ и „договорот на Тереза Меј“, меѓу „против каков и да било договор“ и „останување во ЕУ“ или меѓу „против каков и да било договор“ и „договорот на Меј“? Или можеби треба да бидат вклучени сите три опции?

Оние кои заговараат одржување нов референдум сметаат дека на гласачките ливчиња треба да бидат наведени само веријанти кои се можни, што значи дека би отпаднале можностите за некакво решение што нема да биде поддржано од Брисел.

Кој ќе го утврди прашањето?

Според британските закони, препораките и идеите за потенцијалното прашање ги дава Изборната комисија, но крајната одлука за неговата формулација е на Парламентот.

Кој ќе може да гласа?

Спорови се очекуваат и околу тоа кој би имал право на глас. Поддржувачите на идејата за втор референдум бараат овој пат право на глас да им се даде и на лицата со навршени 16 и 17 години.

Тоа би можело да доведе до уште еден спор во Парламентот.

Дали поголемиот број весници одново ќе го поддржат истапувањето од ЕУ?

Весникот „Дејли Мејл“, кој во 2016 година водеше агреисвна кампања за истапување од ЕУ, сега ги промени своите ставови под раководство на новиот уредник. Весникот сека како „саботери“ повеќе не ги критикува подржувачите на останувањето во ЕУ, туку приврзаниците на „тврдиот Брегзит“.

Сепак, во моментов весникот го поддржува само договорот на Меј за истапување од ЕУ, но не и останувањето на земјата во Унијата.

До какви промени дојде по последниот референдум?

Геополиитчките облаци дополнително се затемнија. Варијантата за потпирање на Доналд Трамп за склучување на трговски договор, што е План А за приврзаниците на „тврдиот Брегзит“, никогаш не изгледала понепривлечна отколку сега.

Прашањето за миграцијата веќе не е толку актуелно, а во текот на летото 2016 година излегоа на виделина некои компликации и трошоци поврзани со Брегзитот.

Од друг страна, некои влијателни фигурии, кои агитираа за напуштање на ЕУ, беа дискредитирени со скандали поврзани со финасирањето на нивната кампања и со кршење на изборниот закон.

Зошто истите гласачи сега би гласале поинаку?

Многу млади луѓе, за кои е поверојатно дека би го поддржале останувањето во ЕУ, наполнија 18 години по 2016 година, а повеќето од повозрасните жители, за кои е поверојатно дека се евроскептично расположени, починаа по референдумот.

Дали и следната кампања ќе биде исто толку тенденциозна?

Кампањата ќе се води бескомпромисно. Многумина ќе тврдат дека „се предава волјата на народот“. Некои министри изјавија дека нов референмдум би ја поткопал довербата во демократијата.

Но, за разлика од 2016 година, на масата ќе се најде и договорот за Брегзит и не ќе може да се шпекулира околу неговата содржина.

Кој ќе победи?

Иако по референдумот во 2016 година се доби впечаток дека дел од гласачите се преминаа кон кампот на поддржувачите на останувањето во ЕУ, агенциите за испитување на јавното мислење се поделени околу оценката колку луѓето ги промениле своите ставови.

Најверојатно резултатот од референдумот би бил тесен и нема никаква гаранција дека би победиле оние кои се залагаат за останување во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија