Гардијан: Безбедноста на Украина може да се гарантира со помалку војници

Од:

Безбедносните сили во Украина предводени од ЕУ не мора да вклучуваат голем број луѓе стационирани на линијата на фронтот и би можеле да имаат присуство на теренот во десетици илјади војници или помалку, изјавија за Гардијан добро информирани британски воени извори.

Според британскиот весник, безбедносниот пакет за обезбедување мир во Украина би можел широко да ги искористи разузнавачките, надзорните и извидувачките капацитети за следење на какви било обиди на Русија да ја прекрши линијата на контрола, доколку биде договорен прекин на огнот или се почитува конечното мирно решение.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека, во случај на мировен договор со Русија за прекин на војната, ќе биде неопходно да се распоредат од 100.000 до 150.000 странски војници во Украина, кои ќе бидат гаранција за безбедноста.

Би можело да ве интересира

Русија под силен удар, Украина вели: Возвративме со ракети „Нептун“, руската армијата остана „слепа“

Русија го нападна Киев со балистички ракети

Жестока украинска одмазда по рускиот масовен напад

Ројтерс: Малку веројатен е мировен договор меѓу Русија и Украина до март

Интервјуто што ја „разниша“ Украина: Зеленски откри повеќе отколку што требаше

РИА Новости: Сведоштва од зоната на конфликтот, мета беа цивили додека доаѓаа да наполнат вода