Гани: Власта во Авганистан ќе биде пренесена само преку избори

Од:

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека власта на новата администрација во земјата ќе биде пренесена само преку избори, јави ДПА.

-Пренесувањето на власта преку избори е принцип за кој нема да се преговара, изјави Гани за време на обраќањето на отворањето на новата законодавна сесија на авганистанскиот Парламент.

„Ние сме подготвени да разговараме за одржување на слободни, транспарентни, и избори низ целата земја под раководство на меѓународната заедница“, кажа Гани и додаде „можеме да разговараме и за датум и да донесеме заклучок“.

Коментарите на Гани доаѓаат неколку дена откако се појавија информации дека американскиот специјален пратеник за Авганистан, Залмај Кализад, за време на неговата последна посета на Кабул неделава предложил нов формат за политичката иднина на земјата.

Највисокиот американски дипломат од Кабул замина за Доха, каде авганистанската Влада и делегацијата на лидерите на талибанците од септември водат мировни разговори.

Авганистанскиот претседател истакна дека Уставот ќе ја одреди иднината на земјата, наместо плановите на други луѓе. Меѓутоа, тој кажа дека неговата администрација ја разбира досега невидената можност за мир во земјата која страда од војна што трае 42 години.

Гани, додава ДПА, ги повика талибанците да престанат со насилството и да овозможат мировни разговори да успеат. Талибанските лидери,пак, изјавија дека доколку Гани поднесе оставка и дозволи нова влада да дојде на власт, тие ќе се согласат на прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан