Гани: Талибанците го хакираа мојот Фејсбук профил и објавија порака за поддршка

Од:

Пребеганиот претседател на Авганистан, Ашраф Гани рече дека неговиот профил на Фејсбук бил хакиран откако била објавена порака во која се вели дека луѓето треба да ги поддржат талибанците.

Објавата беше споделена на неговата верификувана страница на Фејсбук, пишува Бизнис Инсајдер.

„Меѓународната заедница треба да комуницира со актуелната влада наместо да го отуѓува авганистанскиот народ“, се вели во објавата.

„Светот мора да сфати дека Авганистан ако сака да биде просперитетен и безбеден, мора да подаде рака за пријателство. На него не може да влијае непријателството што ги одбележа последните дваесет години“, додаде тој.

По еден час објавата е избришана.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан