Гани: Авганистан ослободува тројца талибанци во замена за двајца странски професори

Од:

Авганистан ќе ослободи тројца талибански команданти, вклучувајќи го и лидерот на групата Хакани, во замена за еден австралиски и американски професор, кои беа грабнати пред три години, изјави денеска авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

-За да се отвори пат за директни преговори со талибанците, владата одлучи да ги ослободи талибанските затвореници во замена за двајца универзитетски професора, рече Гани на телевизијата.

Талибанската мрежа Хакани во изминатите години изведуваше големи воени напади врз цивили, а се верува дека е лоцирана во Пакистан и е дел од талибанците во Авганистан, пренесуваат британските медиуми.

Талибанците во 2016 година ги грабнаа двајцата професори од Американскиот универзитет во Кабул.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан