Галант: Оперативците на Хезболах се преплашени, таа милитантна група пропаѓа

Од:

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска им изјави на припадниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) дека оперативците на Хезболах, заробени и испрашувани од израелските сили се „преплашени“ и дека милитантната група поддржана од Иран „пропаѓа“.

„Затворениците ни кажуваат што се случува, дека се преплашени бидејќи знаат дека го немаат она што е потребно за да се справат со она што се случува, во смисла на сила, борбена способност, прецизност или решителност. Целата оваа голема формација ја нарекуваат Хезболах се распаѓа“, им рече тој на војниците на 98-та дивизија на ИДФ, објави „Тајмс оф Израел“.

Минатата недела, ИДФ објави видео од наводните членови на елитните сили Радван на Хезболах кои ги испрашуваат за плановите на милитантната група во јужен Либан и моменталната состојба на нејзините операции.

„Се движиме од ситуацијата да го поразиме непријателското село по село, кон уништување – креваме во воздух тунели и складишта за муниција и да го победиме Хезболах“, рече Галант.

Според него, на секое место каде Хезболах се подготвувал да нападне израелски пограничен град, има војници на ИДФ.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници