Габриел во Вашингтон патува со понуда за пријателство

Од:

Новиот шеф на германската дипломатија Зигмар Габриел, кој денеска патува на средба со новоизбраниот американски државен секретар Рекс Тилерсон во Вашингтон, носи „понуда за пријателство и доверба“, јавуваат германските медиуми.

Габриел во Вашингтон патува во мисија на обновување на блиските пријателски врски меѓу Германија и САД кои што беа нарушени со најавите на Трамп за воведување на царини за германските автомобили произведени во Мексико, обвинувањата на советник на претседателот на САД дека Германија ја злоупотребува ниската вредност на Еврото за да добие предност во трговијата со своите партнери и критиките на канцеларката Ангела Меркел, која ја осуди одлуката на Белата Куќа за рестрикции на емиграцијата од седум доминантно муслимански земји.

Габриел, кој до пред неколку недели беше германски вицеканцелар, а се уште е лидер на втората најголема партија СПД во Вашингтон ќе се сретне и со американскиот потпретседател Мајк Пенс. Пред заминувањето, тој во Берлин изјави дека САД долго време го имаат статусот на најблизок сојузник надвор од Европа.

„Пријателството меѓу двете нации и многу поголемо од соработката меѓу владите, но без добри релации со доверба меѓу владите тоа не може да оди на добро“, изјави Габриел пред заминувањето за САД, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска