Габриел: Светот се наоѓа во Студена војна – верзија 2.0

Од:

Министерот за надворешни работи на ГерманијаЗигмар Габриел денеска оцени дека светот се наоѓа во „студена војна верзија 2.0“.

Во интервју за германскиот весник „Билд“, Габриел предупреди дека светот се соочува со „нова фаза на нуклеарно вооружување“.

Габриел истакна дека односите меѓу Западот и Русија се во ново „ледено доба“ и се поголема е опасноста двете страни да натрупуваат оружје.

– Германија би требало да истапи и да се спротивстави на тоа, вели Габиел.

На новинарско прашање, кој е најлош меѓу тројцата претседатели – турскиот Реџеп Тајип Ердоган, американскиот Доналд Трамп или рускиот Владимир Путин, шефот на германската дипломатија рече дека им е заедничко тоа што преку демонстрирање сила се обидуваат да добијат почит.

Габриел оцени дека тие тројца на светот гледаат како на арена, како на бојно поле.

– Тоа е опасен развој на ситуацијата, оцени Габриел.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче