Габриел: Европа им е потребна на САД, исто колку што и САД им се потребни на Европа

Од:

Поради растечкото влијание на Кина на светската сцена, САД и Европа треба да се вратат на историските односи и да работат заедно за да не се најдат во ситуација да заостануваат, предупреди германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

Габриел рече дека САД имаат потреба од Европа исто толку колку што и Европа има потреба од САД. Тој ова го изјави на Конференцијата за безбедност која што се одржува во Минхен и додаде дека сега не е време да се следат само националните интереси.

Тој истакна дека по Втората светска војна, Германија имала бенефит од силните односи со САД, учејќи ги од Вашингтон принципите на демократијата, мултилатерализмот, меѓународното право и слободната трговија.

Габриел рече дека Германците се загрижени што кога ќе погледнат од другата страна на Атлантикот не ја гледаат веќе Америка која ја знаат.

Тој предупреди дека сирискиот конфликт се движи во насока на сериозна опасност од војна за блиски партнери, мислејќи на Турција, која е членка на НАТО.

Зимските Oлимписки игри во Јужна Кореја само привремено може да ја сопрат „екстремно опасната ескалација околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје“.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски