Г7 го осуди киднапирањето на раководството на нуклеарната централа Запорожје

Од:

Групата од седум најразвиени земји во светот (Г7) денеска соопшти дека ги осудува случаите на киднапирање на раководството на нуклеарната централа Запорожје и повика на итно враќање на Украина на целосна контрола врз таа нуклеарна централа.

„Го осудуваме повеќекратното руско киднапирање на раководството и персоналот на украинската нуклеарна централа Запорожје“, се вели во соопштението на Г7, пренесе Ројтерс.

Г7 ја повика Русија веднаш да ја врати целосната контрола врз нуклеарната централа Запорожје на „нејзиниот вистински суверен сопственик, Украина“.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ на 11 октомври објави дека руските сили го киднапирале заменик-директорот на нуклеарната централа Запорожје, Валери Мартинјук и дека тој се наоѓа на непозната локација.

На веб-страницата на Енергоатом беше објавено дека руските сили на 17 октомври го киднапирале шефот на службата за информатичка технологија Олех Костјуков и помошникот генерален директор на електраната Олех Ошека и ги однеле на непозната локација.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа во градот Енергодар и од март е под контрола на руските сили.

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на октомври потпиша указ со кој се наложува нуклеарната централа Запорожје да се стави под руска сопственост.

Би можело да ве интересира

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната