Блогот на G-Mail пишува дека отсега ќе може преку мејл да се праќаат датотеки и до 10 гигабајти, што е за 400 пати повеќе отколку во овој момент.
Се работи за промени, преку кои не се праќа самиот фајл/датотека, туку линк до датотеки во вашиот Драјв. Пред да ја пратите пораката и линкот, треба на пријателите да им овозможите влез до вашиот Драјв.
Опцијата ќе биде достапна за сите во наредните денови.