Г-20 на онлајн самит ќе ги разгледува мерките за стабилизирање на нафтениот пазар

Од:

Вонредниот самит на Г-20 ќе се оддржи утре и ќе биде посветен на мерките за стабилизирање на нафтениот пазар, соопшти извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) Фатих Бирол.

Средбата ќе се оддржи онлајн заради пандемијата од коронавирусот.

-На пазарот има огромен вишок, предизвикан од кризата со коронавирусот, посочува Бирол и додава дека неговото ниво се доближива до вредноста во која овој вишок ќе има сериозни последици за стабилноста на светската економија и за милиони вработени во нафтено-гасната индустрија, додаде тој.

Главната задача на Г-20 е да ја гарантира и поддржува финансиската и економската стабилност на светскиот пазар на нафта, бидејќи тој во целост е дел од нејзините одговорности, подвлече Бирол.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста