Фудбалерот Недра и неговата девојка шверцувале 100 килограми кокаин

Од:

Фудбалерот Жан-Мануел Недра (29) и неговата партнерка беа уапсени на парискиот аеродром со повеќе од 100 килограми кокаин скриени во куфери.

Недра е добро познат во светот на фудбалот, а досега има забележано 20 настапи за националниот тим.

Тој моментално настапува за Ајглон.

„Без да ја знаеме неговата вмешаност, дознавме дека еден од нашите играчи е уапсен за шверц на дрога. Да бидеме посилни од кога било, обединети во нашата борба и едукација преку спорт за да се бориме со ова зло. Мораме да ги заштитиме и предупредиме нашите млади за ризиците, последиците и злоупотреби на оваа средина“, се вели во соопштението од клубот.

Жан Мануел Недра и неговата партнерка пристигнале во Париз, а при царинскиот преглед во нивниот багаж биле откриени 100 килограми кокаин.

Двојката е изведена пред истражен судија, а на фудбалерот му е одредена мерка притвор, додека неговата партнерка е пуштена на слобода.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ