Фу Конг: Сателитските снимки нема на САД да им покажат колкав е кинескиот нуклеарен арсенал

Од:

Претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи, Фу Конг, ги повика САД да не го оценуваат кинескиот нуклеарен арсенал врз основа на сателитски снимки.

-Обидите да се користат сателитски снимки за да се открие каков нуклеарен арсенал има Кина се несериозни за САД, изјави Фу, директор на одделот за контрола на оружјето, пренесен од руските медиуми.

Неколку американски медиуми минатата година објавија дека Кина гради силоси за интерконтинентални балистички ракети на најмалку три локации, а „Вашингтон Тајмс“ тврди дека таков заклучок е донесен во разузнавачките извештаи врз основа на сателитски снимки направени во 2021 година.

Според извештаите на американските медиуми, американските власти велат дека во трите ракетни бази ќе бидат распоредени 350 до 400 нуклеарни проектили со долг дострел.

Меѓутоа, кинескиот весник „Женмин Жибао“, повикувајќи се на кинески воени експерти, соопшти дека американските аналитичари погрешно процениле дека темелите за турбините на ветер се силоси за интерконтинентални балистички ракети.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска