ФТ: Британија се подготвува за испорака на оружје за сириските бунтовници

Од:

Велика Британија се подготвува да почне со доставување оружје за сириската опозиција уште ова лето, објави Фајненшал тајмс.

– Во случај мировната конференција за Сирија во Женева да не придонесе за напредок, Велика Британија ќе пристапи кон доставување оружје за востаничките одреди, изјави за весникот официјален претставник.

Се очекува мировната конференција Женева-2 да се одржи во првата половина од јуни, на иницијатива на САД и Русија.

Според весникот можно е при неуспех на мировната конференција испораките на оружје за Сирија од Велика Британија да почнат во август. Освен Велика Британија, според весникот, оружје за бунтовниците ќе доставуваат и САД и Франција.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години