Фрост: Велика Британија повторно е целосно независна држава

Од:

Британскиот главен преговарач за Брегзит, Дејвид Фрост, изјави по постигнувањето на трговскиот договор со Европската унија, дека Велика Британија од 1 јануари „повторно ќе биде целосно независна земја“.

– Нашата земја повторно започнува нов патување како целосно независна држава од 1 јануари. Нашата иднина и нашиот просперитет се во наши раце. Уверен сум дека ќе напредуваме и ќе успееме, напиша Фрост на Твитер.

Трговскиот договор е постигнат денеска, една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија формално одлучи да излезе од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година