Фронтекс: Се повеќе Сиријци и Авганистанци илегално влегуваат во ЕУ, пристигнуваат преку Западен Балкан

Од:

Бројот на мигранти кои илегално влегуваат во Европската унија преку Западен Балкан годинава нагло се зголеми, соопшти денеска Фронтекс, додавајќи дека мнозинството се мигранти од Сирија и Авганистан.

Од јануари до јули, Фронтекс регистрирале 22.600 мигранти кои илегално влегле во ЕУ преку Западен Балкан, што претставува зголемување од дури 90 проценти во однос на истиот период во 2020 година. Во јули, бројот беше 67 проценти поголем отколку во истиот месец минатата година, се додава во соопштението на Фронтекс.

Мигрантите, исто така, илегално влегуваат во ЕУ преку Белорусија, од каде се упатуваат кон Полска и балтичките држави. Од јануари до јули годинава околу 3.700 мигранти илегално влегле во Литванија, предупредува Фронтекс.

Вкупно, повеќе од 82.000 мигранти досега илегално влегле во ЕУ годинава, 59 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски