Фронтекс: Над 500.000 мигранти годинава регистрирани на надворешните граници на ЕУ

Од:

Меѓу јануари и август годинава на надворешните граници на ЕУ биле изборени над 500. 000 мигранти, наспроти 280.000 во целата 2014 година, информира денеска европската погранична агенција Фронтекс, цитирана од француските медиуми.

Рекордните бројки се регистрирани во пет месеци по ред, вклучувајќи ги и 156.000 мигранти кои во ЕУ влегле во август, прецизира агенцијата, која е одговорна за надворешните граници на ЕУ.

Фронтекс, меѓутоа, појаснува дека „голем број луѓе, видени на границата меѓу Унгарија и Србија, веќе биле изброени при нивното пристигнување во Грција од Турција, неколку недели пред тоа“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година