Фридрих Мерц избран за нов лидер на Христијанско-демократската унија на Германија

Од:

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Германија избра нов лидер, а овојпат довербата членството му ја додели на Фридрих Мерц кој освои 62 отсто од гласовите и по третиот обид стана лидер на партијата.

Имено, Мерц во 2018 година веќе еднаш се кандидираше за шеф на ЦДУ, но тогаш победи кандидатката која ја имаше поддршката на поранешната шефица на Ангела Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер. Минатата година кога се одржаа избори за нов партиски лидер, кој ќе ја води партијата во предизборната трка, Мерц загуби од Армин Лашет.

Откако Лашет се повлече поради лошите изборни резултати, ЦДУ мораше повторно да избере лидер, по третпат во само три години. Овојпат Мерц се спротивстави на Норберт Ретген и шефот на кабинетот на поранешната канцеларка Меркел, Хелге Браун.

Претседателката на партиската изборна комисија Ивон Магвас објави дека преку интернет гласале 132.617 членови, а по пошта 115.743, што е 66,02 отсто од членовите со право на глас.

Мерц освои 62,1 отсто од гласовите, Ретген 25,8 отсто и Браун 12,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија