Франсоа Озон добитник на „Златна школка“ на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан

Од:

Францускиот режисер Франсоа Озон ја доби наградата „Златна школка“ за најдобар филм на Филмскиот фестивал во шпанскиот град Сан Себастијан за неговото дело „Во куќата“.

– Оваа награда им ја посветувам на шпанските режисери, кои минуваат низ тежок период, изјави синоќа Озон во обраќањето по примањето на наградата.

Филмот „Во куќата“ говори за еден професор по француски јазик кој е разочаран од своето опкружување, но успева да ја поврати радоста во животот благодарение на неговиот ученик Клод.

Наградата за најдобра режија на Фестивалот во Сан Сабастијан ја доби шпанскиот режисер Фернандо Труеба за филмот „Уметникот и моделот“, во кој дејството се случува во окупирана Франција за време на Втората светска војна.

Шпанецот Хозе Сакристан ја доби наградата за најдобра машка улога за рољата во филмот „Мртовецот и како да биде среќен“ на Хавиер Ребојо, а нивната сонародничка Макарена Гарсија и Канаѓанката Кати Козени ја поделија наградата за најдобра женска улога.

Со синоќешното доделување на наградите официјално заврши овогодишното 60-то издание на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов