Франсоа Оланд пристигна во малискиот град Тимбукту

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд пристигна денеска во Тимбукту, каде што беше пречекан од француски и малиски војници, кои го зазедоа историскиот град во Северно Мали од вооружените исламистички групи.

Придружен од в.д. претседателот на Мали Дионкунда Траоре, Оланд ќе ја посети историската џамија во градот, каде се чуваат вредните древни ракописи, од кои дел беа изгорени од исламистите и ќе се сретне со населението.

На централниот градски плоштад се собраа две до три илјади лица, кои дојдоа да и заблагодарат на Франција.

Во Тимбукту, 900 км североисточно од престолнината Бамако, се воведени засилени мерки за безбедност: француски војници се распоредени на секои сто метри, по улиците патролираат оклопни возила со малиски војници.

Заедно со Оланд во посета на Мали се француските министри за надворешни работи Лоран Фабијус, за одбрана Жан-Ив ле Дриан и за развој Паскал Канфен.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз