Франсоа Оланд: Грчките предлози се сериозни

Од:

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд ги оцени грчките предлози доставени синоќа до доверителите на Атина – ЕУ и ММФ, како „сериозни кои заслужуваат доверба“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според францускиот претседател, програмата на Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, ја покажува решителноста на Грција да остане во еврозоната.

Тој притоа апелираше преговорите да продолжат со „волја да се склучи договор“.

Париз и посебно Оланд во преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори играше улога на посредник, посебно со Берлин.

Според некои француски медиуми, и експерти од Франција биле вклучени во изработката на грчката програма, која беше доставена до доверителите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната