Франсоа Оланд ги осуди „вистинско-лажниот“ референдум во источна Украина

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги осуди „вистинско лажните“ консултации, односно референдумот кој се одржува во двата истрочни региони на Украина, јавува дописникот на МИА од Париз.

Овие консултации се „ништовни и неважечки“, изјави францускиот претседател и притоа тој ги поддржа претседателските избори закажани за 25 мај.

Вчера од Германија, заедно со Ангела Меркел, Франсоа Оланд имаше слична изјава. Најновата изјава доаѓа од Баку, каде тој пристигна денеска, прва етапа од 72 часовната турнеја во земјите од Јужен Кавказ.

За време на кавкаската турнеја, францускиот претседател покрај Азербејџан, ќе ги посети уште Ерменија и Грузија, кои се наоѓаат во првата линија на украинската криза.

Целта на посетата на францускиот претседател на регионот е да ги засили трговските врски со овие земји, како и да го охрабри приближувањето на овие земји со Европската Унија, притоа водејќи сметка за „чувствителноста“ на Москва и на Владимир Путин, кои многу се внимателни на случувањата и ориентациите на поранешните советски републики.

Турнејата на Оланд започнува во клима на тензии, на самиот ден од референдумот за независност на проруските бунтовници во источна Украина, кој според него е „илегален“.

Во Баку, Франсоа Оланд треба да ја отвори новата зграда на француската гимназија и да присуствува на работна вечера со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев.

Во Баку францускиот претседател е придружуван од триесетина шефови на претпријатија и тројца министри. Трговски односи со Азербејџан се на штета на Франција со во 2013 година, 266 милиони евра француски извоз, додека увозот бил 1,7 милијарди евра, најчесто за нафта.

Во политичкиот дел ќе се разговара за преговорите за договорот за асоцијација на Азербејџан со ЕУ, како и конфликтот во Горен Карабах. Овај конфликт за контрола на сепаратистичката територија со ерменско мнозинско население, но на азербејџанска територија, ја предизвика смртта на околу 30.000 лица и стотина илјади бегалци од 1988 до 1994 година.

Франсоа Оланд ќе пристигне во Ереван точно дваесет години по влегувањето во сила на на прекинот на огнот меѓу двете земји. Тој притоа ќе треба да ги потсети двете земји дека е во нивни заеднички интерес да ги ре-лансираат преговорите за статусот на Горен Карабах, со повик да донесат „реципрочни мерки на доверба“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм