Французите се против носењето на исламска шамија на универзитетите

Од:

Седумдесет и осум отсто од испитаните Французи се изјасниле дека се против носењето на исламска шамија на универзитетите, јави дописникот на МИА од Париз.

Во анкетата на ИФОП за весникот „Фигаро“, само четири отсто се изјасниле дека немаат ништо против да се носи исламска шамија на факултетслите клупи, а 18 отсто немаат мислење.

Кај симпатизерите на левицата против се 67 отсто од испитаниците, осум отсто се за носење 25 проценти се рамнодушни, додека кај симпатизерите на умерената десница УМО против носењето на исламска шамија се 91 отсто од испитаните, додека девет се рамнодушни.

Кај симпатизерите на Националниот фронт (крајна десница) против се 95 отсто од испитаните, два отсто се за и три проценти се рамнодушни.

Најнаклонети за носење исламска шамија на универзитетите се младите до 35 години, кај кои дури 11 отсто се за носењето, а 63 отсто се против, кај испитаните на возраст од над 65 години, дури 86 проценти се против и само еден отсто се за.

Во моментов Високиот комесаријат за интеграција на Франција има намера да даде препораки за забрана на носење на видливи религиозни симболи во салите за настава на универзитетите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски