Французите се мобилизраа за избор на претседателски кандидат на десницата

Од:

До пладне, учеството во вториот круг на прелиминарните избори на Републиканците за претседателски кандидат во 2016 е поголемо за 13 отсто во споредба со минатата недела, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според претседателот на организационот одбор на прелиминарните избори на Републиканците, Тјери Солер, до пладне излегоа да гласаат 1,2 милиони гласачи што претставува 13 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Во вториот круг од прелиминарните избори предноста е јасно на страната на Франсоа Фијон, кој неочекувано, наспроти сите прогнози се најде на првото место од освоените гласови со 44,1%, пред Алан Жупе со 28,6% од гласовите.

Минатата недела гласаа околу 4,3 милиони Французи кои ги прифатија вредностите на Републиканците и платија две евра за да можат да гласаат, денеска исто така важи истото правило.

Ова е првпат десницата да го избира својот кандидат на прелиминарни избори, откако тој метод се покажа успешен за социјалистите во 2012 година.

Прелиминарните избори на социјалистите се предвидени за во јануари, а сите кандидати треба да се изјаснат најдоцна до 15 декември.

Кандидатот кој вечерва ќе добие најмногу гласови и ќе биде кандидат на Републиканците и има големи шанси да стане претседател на Франција во мај 2017 година.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Се урна авион во Франција, пилотот не успеа да се катапултира

Горан Наумовски