Французите потрошиле просечно 200 евра повеќе за енергија во 2012

Од:

Според бројките на француското Mинистерство за eкономија и eнергија, енергетската фактура на Французите во 2012 година просечно се зголемила за 200 евра, со што достигна 3200 евра по домаќинство, јавува дописникот на МИА од Париз.


Ова претставува зголемување во просек од 6 отсто и според проценките може да биде уште поголемо во текот на 2013 година.


Причината за зголемувањето на енергетската фактура се должи на долгата и студена зима и дождливата пролет. Но, пред се поради зголемувањето на цената на енергијата во 2012 година, кога таа просечно се зголеми за 5,2 отсто, односно 2,5 пати повеќе отколку инфлацијата.


Имено во текот на 2012 година Французите потрошиле 91 милијарда евра за енергија, односно секој жител на Франција потрошил просечно 1400 евра за сметки за струја, гас, нафта или друг вид на енергија.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина