Французите песимисти за иднината

Од:

За иднината на општеството, речиси 70 отсто од испитаните Французи изјавиле дека се песимисти, што значи дека бројот на песимистите се зголемил за осум проценти во споредба со ноември, покажува месечното испитување на институтот ЦСА за телевизјата БФМ ТВ.

Според ова испитување само 29 отсто од Французите изјавиле дека се оптимисти за нивното општество во декември, односно за девет проценти помалку во споредба со претходниот месец.

Големиот песимизам на Французите е присутен во сите категории на населението.

Што се однесува до личната иднина, 54 отсто од Французите велат дека се оптимисти, но тие се помалку за 6 поени во споредба со минатиот месец. Младите на возраст од 18 до 24 години се најоптимисти (66%) за споредба со старите лица над 65 годишна возраст, каде оптимисти се само 48 отсто од испитаните.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз