Французите го поддржуваат Обама

Од:

Речиси 80 отсто од Французите го поддржуваат повторниот избор на Барак Обама за претседател на САД, според денеска објавените резултати од анкетите кои покажуваат дека дури голем број приврзаници на екстремната десница го поддржуваат демократскиот кандидат на утрешните избори во САД.

Само пет отсто испитаници го поддржуваат противкандидатот на Обама, републиканецот Мит Ромни, додека за актуелниот претседател на САД се 78 отсто од Французите, а непределените се 17 отсто.

Меѓу избирачите на десничарскиот Национален фронт на Марин ле Пен, 61 проценти се за Обама, а 14 отсто го поддржуваат Ромни.

Анкетата ја спроведе агенцијата ЦСА од 31 октомври до 2 ноември врз примерок од 975 граѓани.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски