Французите формираа Кризен штаб поради саботажа на железницата

Од:

Француските власти свикаа Кризен штаб по саботажата на брзите возови на неколку железнички линии на денот на свеченото отворање на Олимписките игри.

Вршителот на должноста премиер Габриел Атал ќе пристигне на состанокот на кризниот штаб на Министерството за транспорт во Париз, се наведува во соопштението на каналот, пренесува РИА Новости.

Претходно, француската национална железничка компанија извести дека синоќа биле изведени неколку подметнати пожари. Како што јави каналот БФМТВ, цел на напаѓачите биле релејни кабинети во близина на железничката пруга, како и кабли.

Ова доведе до големи прекини на три линии за брзиот воз TGV. Многу возови беа одложени и откажани, погодувајќи околу 800.000 патници. Француските власти инцидентот го нарекоа саботажа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција