Французин лажно јави за бомба во авион за девојка му да стигне на летот

Од:

Француската полиција уапси маж кој лажно јавил за подметната бомба во авион, за да го задржи полетувањето поради тоа што неговата девојка доцнела.

Како што пренесува во неделата AFP, 33-годишниот маж се јавил во управата на меѓународниот аеродром „Мерињак“ кај Бордо, во југозападна Франција, и се заканил дека „во авионот има бомба“. Полицијата веднаш го блокирала целиот аеродром и започнала детално пребарување, меѓутоа не била пронајдена никаква експлозивна направа.

Полициските службеници трагајќи по трагите од каде што дошол лажниот повик, уапсиле маж на 20 километри од аеродромот и го привеле во полиција. Во текот на распитот тој признал дека лажно дојавил, појаснувајќи дека со тоа сакал да го одложи летот затоа што неговата девојка доцнела поради сообраќајниот метеж на обиколницата кај Бордо.

Тој ќе биде изведен пред судот во Бордо. Според обвинението, лажниот дојавувач се соочува со казна од две години затвор и глоба од 30 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано