Француското воено воздухопловство спроведува воздушни акции во Мали

Од:

Француската воена авијација утринава спроведе нови акции во Мали против вооружените исламистички групи, соопшти францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, пренесува дописникот на МИА од Париз.

-Постојано има воздушни напади. Во моменот е во тек еден напад, имаше напад и ноќеска, ќе има и утре, изјави Жан Ив Ле Дриан во утринското интервју за француското радио Еуроп 1. „Интервенциите се уште се во тек и ние ќе продолжиме за да ги принудиме да се повлечат џихадистичките групи“, додаде францускиот министер за одбрана.

Согласно со најавата на францускиот претседател Франсоа Оланд, во Франција беше покренат степенот на претпазливост на антитерористичкиот план „вижипират“, односно се засилени безбедносните мерки во јавните згради, железничките станици, аеродромите, метрото и јавните манифестаци.

Воената интервенција во Мали е поддржана од речиси целокупната француска политичка елита, со исклучок на крајната левица која ја критикуваше „новата империјалистичка“ интеревениција, додека Зелените од владеачкото мнозинство го критикуваа фактот дека претседателот Оланд наредил воена интервенција без претходно да го консултира Парламентот.

Францускиот претседател и владата дури утре ќе побараат одобрување од парламентот за военото ангажирање во Мали. Денес Франсоа Оланд повторно го свика Одбранбениот совет посветен на француското воено ангажирање во Мали, за кое веќе е највена помош од Велика Британија и САД.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска