Јавното обвинителство побара доживотен затвор во жалбената постапка пред специјалниот кривичен суд во Париз за францускиот џихадист Тајлер Вилус, еден од кадрите на ИСИС во Сирија, осуден на 30 години затвор од првостепениот суд, јави дописникот на МИА.
Како борец, лидер на група, онлајн прозелит, регрутер и припадник на полицијата на групата Исламска држава, според обвинителството, овој 31-годишен „интегрален џихадист“ мора да одговара за злосторствата извршени помеѓу 2013 и 2015 година во Сирија.
-Вилус ревносно работеше за тоталитарна држава која почиваше врз владеењето на теророт, рече главниот обвинител Наима Рудлоф.