Француско МНР: Африка ризична за туристите поради терористички закани

Од:

Со оглед на терористичките закани во регионот на Сахел, ниту едно место таму повеќе не може да се смета за безбедно, оцени француското Министерство за надворешни работи, предупредувајќи на опасноста која ги демне странските државјани во Африка, откако во Камерун се киднапирани седум француски турсти.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој потврди дека вчера се киднапирани седум туристи од исто семејство, од кои четири деца, кои од Камерун се одведени во Нигерија, рече дека се сомнева оти за киднапирањето е одговорна нигериска терористичка група.

Со француската интервенција во Мали, зголемена е опасноста од земање странци за заложници во целиот регион на Сахел, поради што француските државјани се повикани на најголема внимателност.

Како што наведува француското МНР, најчувствителна е областа на Сахара (Буркина Фасо, Сенегал, Чад, Нигерија, Нигер), но ризикот за засилени напади врз странци не е ограничен само на тие земји.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз