Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“

Од:

Француските власти денеска соопштија дека уапсиле маж со руско потекло под сомнение дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“, откако претходно едно младо момче беше уапсено поради планирање напад за време на Олимпијадата.

Маж (40) роден во Русија е уапсен вчера во неговиот стан во Париз, се наведува во соопштението за печатот на париското обвинителство, пренесе АП.

Тој е обвинет за „вршење разузнавачка работа по налог на странска сила“ со цел „предизвикување непријателства во Франција“, кривично дело кое во Франција се казнуваат со 30 години затвор, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција