Француските префекти повикани да не се оддалечуваат, поради „висок ризик од кијбер напад“

Од:

Министерството за внатрешни работи на Франција ги повика сите префекти да останат присутни во нивните департмани соочени со зголемениот ризик од кибер напади, по инвазијата на Украина од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Париз.

Француските префекти се повикани на „будност“ пред „висок ризик“ од кибер напади и не смеат да го напуштат своето работно место, во контекст на руската инвазија во Украина, се вели во белешката која ја пренесоа повеќе француски медиуми.

Во оваа белешка напишана од генералниот секретар на МВР, од префектите се бара да го направат она што е неопходно за „да можат да се вратат во (нивните) доделени департмани во максимален период од половина ден“. Од нив, исто така, се бара да обезбедат „достапност на сите мобилизирани услуги“, внимавајќи, сепак, да не „предизвикаат непропорционални реакции“.

„Ризикот од кијбер-напад е голем. Во оваа фаза не е забележан специфичен ефект поврзан со настаните во тек на нашите мрежи и нашите информациски системи“, вели генералниот секретар“.

Тој бара од префектите да ги потсетат агентите да обезбедат почитување на „суштинските правила за компјутерска хигиена“ и укажува дека центарот за кибер одбрана на Министерството за внатрешни работи се наоѓа во „засилена будност“.

Претседателот Емануел Макрон за денеска во 17 часот го свика Советот за безбедност. Во недела во 15 часот во Брисел ќе се одржи вонредна седница на Советот на министри за внатрешни работи на 27-те земји на Европската унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата