Француските контролори на летање започнаа тридневен штрајк

Од:

Контролорите на летање во Франција започнаа денеска тридневен штрајк, поради што се откажани 1.800 летови.

Штрајкот е организиран во знак на протест поради плановите на ЕУ да го либерализира воздушниот сообраќај и да создаде единствен европски воздушен простор.

Очекувањата се дека овој протест ќе се прошири и на другите земји на Унијата, како што се Австрија, Белгија, Велика Британија, Бугарија и Италија, и покрај загриженоста дека таквите планови би можеле да ја загрозат безбедноста и условите за работа.

Синдикатот на француските контролори на летање е против проектот „Единствено европско небо“, кој има за цел управувањето и регулирањето на воздушниот простор да се стави под контрола на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина