Француските камионџии блокираа дел од патиштата

Од:

Мобилизацијата на камионџиите во Франција предизвика вкупно меѓу 600 и 700 километри застој на француските патишта, јави дописникот на МИА од Париз.

Филтрирачките барикади започнаа уште синоќа во 22 часот, на педесетина стратегиски места кои водат кон нафтените депоа, индустриските зони и депоа.

Барањето на камионџиите е зголемување на нивните плати за 100 евра месечно, ревалоризација на минималната работна сатница од 10 евра за најниските плати, тринаесетта плата и подобрување на нивната социјална заштита.

Француската влада ги сфати сериозно барањата на синдикатите на камионџиите и најави дијалог со истите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата