Францускиот Уставен совет го прогласи законот за хомосексуални бракови за уставен

Од:

Францускиот Уставен совет денеска му даде преодна оценка на неодамна донесениот закон за проширување на хомосексуалните бракови, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на негово соопштение.

За овој нормативен акт да влезе во сила, останува тој да се потпише од претседателот Франсоа Оланд, што се смета за формалност, бидејќи мерката беше една од неговите предизборни ветувања.

Така доминантно католичка Франција е на пат да стане 14-та држава во светот, која ги озакони хомосексуалните бракови.

Законот ги одобрува еднополовите бракови и посинувањето на деца од две лица од еден ист пол.

Се очекува првите вакви бракови во земјата да се склучат во следните неколку недели, бидејќи нормативниот акт ќе влезе во сила 10 дена откако ќе биде објавен во Службен весник.

Законот конечно беше одобрен од парламента на свеченото заседание на 23 април по неколку недели жестоки дебати и месеци на масовни улични протести, што понекогаш беа следени од насилство.

По ова конзервативната опозиција во земјата се пожали пред Уставниот совет.

Уставните судии заклучија дека хомосексуалниот брак не му противоречи на ниту еден уставен принцип и дека неговото одобрение било законодавен избор.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина