Францускиот премиер соопшти дека повеќе лица се уапсени во рамките на истрагата за Шарли Ебдо

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс изутринава на брановите на радиото РТЛ соопшти дека повеќе лица се уапсени и им е изречена мерка притвор во рамките на истрагата за терористичкиот напад во Шарли Ебдо, јави дописникот на МИА од Париз.

Според повеќе француски медиуми, седум лица се уапсени и притворени, бројка потврдена од премиерот.

Мануле Валс потврди дека лицата кои го извршија нападот во Шарли Ебдо биле следени, но според него не постојат „ризици нула“. Тој притоа ја поздрави мобилизацијата на Французите, кои вчера вечер спонтано се собраа на повеќе плоштади во речиси сите француски градови за да им оддадат почит на загинатите и да ја изразат нивната солидарност.

Полицијата го откри идентитетот на напаѓачите, двајцата браќа Шериф и Саид Куачи, за кои сметаат извршиле нападот. Тие се на возраст од 32 и 34 години и Шериф веќе бил осудуван за здружување со цел да подготвува терористички акт во 2008 година. Додека 18-годишното лице Хамид Мурад за кое постои сомневање дека е нивни соучесник самиот и се предаде на полицијата во Шарлевил-Мезие. Соред некои сведоци Хамид Мурад е брат на сопругата на еден од главните осомничени.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен