Францускиот премиер Едуард Филип поднесе оставка

Од:

Францускиот премиер Едуард Филип денеска поднесе оставка на функцијата шеф на владата, соопшти Елисејската палата.

Со оваа одлука всушност во оставка е и целата влада, информираат француските медиуми. Филип е премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ќе има „нов владин тим“, потврдувајќи ја дебатата во медиумите за претстојните измени во составот на францускиот кабинет и не прецизирајќи дали Едуард Филип ќе остане премиер.

-Треба да се направи избор за да се тргне по нов пат. Тоа се новите цели за независноста, реструктуирањето, помирувањето и новите методи за нивно спроведување. Зад себе ќе имам нов тим, рече Макрон во интервју, за регионалните медиуми, без да даде детали за можните промена во кабинетот.

Говорејќи за Едуард Филип, кој во неделата, на општинските избори, победи на изборите за градоначалник на Авр, Макрон истакна дека премиерот во последните три години направи „прекрасна работа“.

-Ние спроведовме важни историски реформи – често во многу тешки услови. Тој спроведе важни реформи и изградивме однос на доверба кој е единствен за историјата на Петтата Република, рече францускиот лидер.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата